Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАРТА КОС: Албанија напредува со темпо „без преседан“

МАРТА КОС: Албанија напредува со темпо „без преседан“

Во Европскиот Парламент(ЕП) ја пофалија соседна Албанија. 

„Албанија е единствената земја на Западен Балкан во која сите политички партии и актери се проевропски ориентирани“, се наведува во извештајот на Европскиот парламент што денеска беше усвоен во Брисел. 

Извештајот беше усвоен со 502 гласа „за“ и 120 „против“.

„Албанија отвори 24 од 33 поглавја од преговорите за членство и го поздравуваме тој брз напредок“, изјави известувачот за Албанија, Андреас Шидер, австриски европратеник од редовите на Социјалистите и демократите (С&Д), при дебатата во понеделникот.

Но, Тирана има уште многу работа, особено во области како што се слободата на медиумите, владеењето на правото, економските и еколошките реформи, како и зајакнување на граѓанското општество.

„Иако Албанија е соочена со длабока политичка поларизација, таа се разликува од другите земји во регионот токму по тоа што и власта и опозицијата се цврсто проевропски ориентирани“, оценува ЕП. 

Тоа, според Шидер, е „сила што може да доведе до нови реформи“.

Комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, изјави дека Албанија напредува со темпо „без преседан“ и дека „трансформациската моќ на процесот на проширување јасно се гледа токму во Албанија“. Според неа, Албанија и остатокот од регионот остануваат геостратешки приоритет за ЕУ.

Албанија лани ги почна преговорите, а Македонија беше одвоена. 

Слично

Поврзани вести