Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАРТ ПОМИНА ЛОШО: Катастрофален пад на продажбата на автомобили во Европа

МАРТ ПОМИНА ЛОШО: Катастрофален пад на продажбата на автомобили во Европа

Продажбата на автомобили во Европа се намали од 52 отсто и ова беше најлош март досега. 

Состојбата е таква поради рестрикциите кои дојдоа со коронавирусот. 

Регистрациите се спуштија на 853.077 возила во Европската унија, Велика Британија и Европската асоцијација за слободна трговија (ЕФТА), соопшти индустријата на индустријата АЦЕА.

Вкупниот број е најнизок од 1990 година наваму, кога АЦЕА за прв пат започна да евидентира податоци и да следи слични падови во Кина и во САД, пишува аutonews.

Април, најверојатно, нема да се подобри, бидејќи фабриките за автомобили остануваат без работа.

Продажбата падна на сите пазари на ЕУ, при што Италија - особено погодена од пандемијата - забележа најголем пад од 85 проценти.

Слично

Поврзани вести