МАРШОТ ПОЧНУВА НАПЛАДНЕ: Студентите подготвија „упатство за учество“
Студентскиот марш против најавените реформи во високото образование треба да започне точно напладне, од платото пред Универизитетот „Св.Кирил и Методиј“. Според најавите, протестот треба да продолжи кон Владата и Собранието.
Од „Студентскиот пленум“, кој е организатор на маршот, синоќа објавија и „Упатство за учество“ на собирот. Од учесниците се бара „да се ведри насмеани и распеани, културни, воспитани и умни, а сосебе да понесат свирче и индекс“.
„Доколку забележите говор на омраза, истакнување симболи и поттикнување насилство, дајте им групен аплауз и снимете ги со телефон, а потоа пријавете кај најблискиот редар“, стои во упатството.
Маршот симболично е организиран на денешниот 10-ти декември кој се одбележува како Меѓународен ден на човековите права.
Студентите за маршот побараа поддршка од сите колеги, средношколците, професорите, родителите, но и од останатите граѓани, а од политичките партии побараа да не се обидуваат да го искористат протестот.

Слично