Економија, финансии, бизнис

Контакт

Маршот на студентите стигна пред Влада!

Маршот на студентите стигна пред Влада!
Со пароли и извици „Екстерно за Владата!“ и „Ние сме силата!“ студентите стигнаа пред владината зграда, последната точка од нивниот протест против најавените реформи во високото образование. Протестниот марш тргна од платото пред Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, помина пред Собранието, па кон Владата и до сега се одвива мирно, без поголеми проблеми. Неколку илјади студенти, средношколци, професори, родители и граѓани се приклучија на маршот. На протестот дојдоа и студенти од Штуловиот универзитет во Тетово. Освен во Скопје, се протестира и во Битола. Ова е втор протестен марш на студентите поради најавите за воведување државен испит во високото образование. Студентите аргументираат дека вака замислениот испит ќе ја наруши автономијата на универзитетот и непотребно ќе им го искомплицира школувањето. 10858634_423927924423111_4820992930253437290_n Фото: Фејсбук  
Слично

Поврзани вести