Маршот на студентите стигна и на Си-Ен-Ен
Како велат: „Вестите брзо се шират, без разлика дали се добри или лоши“. Очекувано вчерашниот протестен марш на студентите стигна и до балканските и светските медиуми кои не останаа „глуви“ и денеска ја пренесоа веста за вчерашниот студентски марш.
Гигантот Си-Ен-Ен информира за окупирањето на главниот град од страна на студентите истакнувајќи дека ова е најмасовниот протест досега од осамостојувањето на Македонија. Во текстот на Си-Ен-Ен пишува дека над 6.000 студенти излегле да го кажат своето „НЕ“ за државниот испит а пишуваат и за обидите на директорите да ги заклучат средношколците во училиште да не им се приклучат на студентите во протестот.
Додека пак Балканската медиумска мрежа „Balkan insight“ информира дека студентските протести го блокирале главниот град, пишувајќи дека повеќе од 12.000 студенти преку протестот се спротивставија на владиниот план за екстерни испити под надзор на државата.

