Економија, финансии, бизнис

Контакт

Марш со барање: Владата да им ги плати сметките на сиромашните!

Марш со барање: Владата да им ги плати сметките на сиромашните!
На најсиромашните граѓани Владата да им ги плати сметките за струја, општините да ги платат сметките за вода и комуналии - со вакво барање ќе маршираат утре членовите на иницијативата „8 Септември“ и на Македонската платформа за борба против сиромаштија. Маршот, симболично, ќе почне во 5 до 12 од пред Собранието на Република Македонија. Иницијаторите имаат и повеќе други барања - најсиромашните граѓани да не плаќаат партиципација за здравствените услуги и да им се обезбеди бесплатно користење на јавниот превоз. Студентите и учесниците од најсиромашните семејства да добијат бесплатно сместување и тие да имаат полесен пристап до времените вработувања, како што се вработувања во мензи во студентските домови.
„Сиромаштијата е огромна и продолжува да се зголемува. Повеќе од 30 проценти од населението живее во сиромаштија. Ние, според член 1 од Уставот сме социјална држава, а во пракса сме земја на социјална неправда. Системот на социјална заштита  е нефункционален и тој мора да претрпи коренити промени во корист на граѓаните. Социјалната помош е трагична, затоа што граѓаните се оставени да преживуваат со 20 денари на ден“, изјави Џелал Хоџиќ од граѓанската иницијатива „8 Септември“.
Оваа иницијатива подготвува и измени во Законот за социјална заштита, кои има намера да ги достави до собранието.
Слично

Поврзани вести