Економија, финансии, бизнис

Контакт

Марш на шалтерите на МРТВ!

Марш на шалтерите на МРТВ!
Невкусна игра со личните податоци на граѓаните од јавниот дифузер, но и со нивните пари. Во моменти кога треба да ја билдаат својата публика со долгонајавуваната и очекувана програма, на МРТВ и се случи кикс. МРТВ испрати сметки за радиодифузна такса до сите членови на македонските семејства нарушувајки го притоа Законот за радиодифузија, според кој домаќинство добива само една сметка без оглед на бројот на членови на семејството. Радиодифузната такса е јавна давачка која е задолжителна, па затоа останува дилемата на кој начин МРТВ ќе ги обештети граѓаните кои живеат во едно домакинство, а веќе ја подмириле радиодифузната такса за август и септемри. Дали извинувањето и признавањето на грешката беше доволно? Се разбира дека не. Таквата грешка, сега може сите да ги чини многу. Како прво, сите граѓани кои веќе ги добија сметките сега мора или лично да се појават на шалтерите на МРТВ, или пак  писмено да пријават во нивните служби, за да може  проблемот да се реши. Но, ова  не е толку едноставна постапка. Сите членови на семејствата треба да достават цел пакет документи.  (купопродажни договори, фотокопии од лични карти, фотокопии од двете задолженија добиени од УЈП, за лицата со инвалидитет фотокопии од медицински белешки, фотокопии од умреници, изводи од матични книги на родени, државјанства...) И да не набројуваме. На сајтот на МТВ има што се е потребно, десетици и десетици документи, само за да се спасите од дополнителн о плаќање на радиодифузна такса. Ќе треба да докажувате нешто, за кое не по ваша вина сте задолжени. Нема ислучок, ни за живи, ни за починати, ни за тие кои тука живеат, ни за оние кои се во странство подолг временски период. Посебно е трагично што тоа мора да го направат дури и инвалидизираните лице кои имаат ослободување. Но, тоа е само едниот дел од проблемот. Вториот кој се  наметна по дистрибуирањето на сметките до сите, е дали  МРТВ го прекрши уставот со новиот регистар за претплатници. Според чл 18 од Уставот на РМ:  “Се гарантираат сигурноста и тајноста на личните податоци.  Дали МРТВ ќе биде санкционирана ако се утвдри дека го прекршила законот? Само за потсетување, со последните измени на Законот за заштита на личните податоци, кои стапија на сила на 28 февруари годинава, казните за злоупотреба на личните податоци се движат од 500 до 4000 евра. Дирекцијата за заштита на личните податоци по службена должност, врз основа на поплаките доставени од граѓаните, ќе спроведе истрага за да откријат на кој начин МРТВ ги добила личните податоци на граѓаните. Целта на нивниот инспекциски надзор е да откријат дали МРТВ при креирањето на новиот регистар направила прекршување на законите. Двете најголеми бази на лични податоци во земјава ги имаат МРВ и УЈП, но и обете институции се оградија од  користените податоци на МРТВ. МРТВ призна грешка и се извини. Побара разбирање, но во ниеден момент не кажа дали граѓаните имаат обврска да ги платат сите сметки за август и септември. Граѓание се збунети и револтирани, а јавноста очекува одговори. Додека надлежните институции се решат да реагираат, имате само една опција - марш на шалтерите на МРТВ. В.Р.
Слично

Поврзани вести