Маројевиќ: Скопје за прв пат ќе се грее на дизел
Александра Маројевиќ, заменик директорката за топлинска енергија на АД ЕСМ, во емисијата „Економски Магзин“ синоќа на Алсат ТВ рече дека на 1 ноември природен гас за топлинска енергија за парно греење на скопјани ќе има, но паралелно ќе се склучува и рамковен договор за дизел гориво.
Маројевиќ вели дека топланите Исток и Запад се приспособуваат да работат на друг вид на гориво и тоа би било прв пат во историјата скопјани да се загреваат со дизел.
„Техничко технолошки топланите се подготвуваат да користата алтернативно гориво дизел. Сега правиме да мопжат да работат и на црвена нафта и на еуродизел БС, кој е уште подобар од мазутот, и двете се подобри“, рече заменик директорката.
Смета дека во периодот од 7 до 10 ноември ќе завршат активностите за дизел-ориспособувањето, а до тој период ЕСМ има законска обврска да обезбеди алтернативно гориво.
„Тоа не значи дека треба да го купиме или платиме, туку да го набавиме со рамковен договор. Набавките одат со посебни процедури на јавна набавка, но бидејќи тоа е погонско гориво, законот предвидува скратени постапки во период на криза
На нафта не сме произведувале никогаш во градот Скопје. Тоа се постапки кои се добро испланирани. Замена на пумпи се одвива во моментов од стручни лица во топланите и за нас инженерите нема дилеми дека тоа ќе работи“, додава МАројевиќ.
Таа вели дека постои варијанта наместо дизел, да се набави црвена нафта, бидејќи за неа не се плаќаат акцизи.
„Цените се променливи, за мазутот цените се малку поевтини од дизелот, но ќе направиме уште една анализа бидејќи дизелот е оптеретен со акцизи, а црвената нафта не е, но за тоа ќе видиме со надлежните инстиотуции“, вели Маројевиќ, која додава дека мазутот, освен што е еколошки понеприфатлив, е тежок за набавување во регионот.
