„Марковски компани“ ќе предводи операција за потрага по јаглен за ЕСМ за 19 милиони евра
АД ЕСМ склучи рамковен договор во постапка со преговарање без претходно објавување на оглас со „Марковски Компани“ во вредност од 19 милиони вера со вклучен ДДВ.
Операторот треба веднаш да започне со менаџирање на операцијата „проширување на изработка на усек за раздвојување во ПК ПЈС“ на две, односно три локации, во потрага по потенцијални 1.450.000 тони јаглен.
Договорот се однесува за период од 12 месеци, а претходно државните електрани побарале и добиле позитивно мислење од Бирото за јавни набавки за да спроведат постапка по пат на директни преговори
Договорот подразбира ископ на јаглен и јаловина, но истовремено и спроведување на технички решенија за одбрана на копот од површински (атмосферски) води, со цел непречена работа на механизацијата.
Бо целата операција ќе бидат вклучени неколку компании, вклучително и АД ЕСМ. Ќе работат 325 возачи и ракувачи, како и повеќе од 150 машини за различна намена во сопственост на компаниите.
Вредноста на договорот е 1.156.400.000 денари.