МАРКЕТИТЕ ДА НЕ СЕ СЛУЖАТ СО ТРИКОВИ: Мицкоски вели дека го следат однесувањето на некои од маркетите
Маркетите да не се служат со трикови, затоа што ги следиме нивното однесување, вели премиерот Христијан Мицкоски на прашање што владата ќе преземе за покачувањето на цените.
„Тоа го следиме како процес и мојата порака до маркетите е да не се служат со трикови, затоа што ограничувањата може да бидат годишни, а не месечни или неделни. Многу внимателно, преку Пазарниот инспекторат и Министерството за економија и труд го следиме однесувањето на некои од маркетите“, рече Мицкоски.
Претходно, Министерството за економија и труд, а потоа и самиот Мицкоски најавија мерки, за потоа премиерот да каже дека прво ќе има анализи, а потоа ќе се посегне по нови мерки против поскапувањето.
Слично
