Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Маркард“ започнува со изградба оваа, со работа идната пролет

„Маркард“ започнува со изградба оваа, со работа идната пролет
Во април или мај годинава, германската компанија „Маркард“ ќе почне со изградба на својот капацитет кај Велес. Според плановите на компанијата изградбата би требало да заврши до март следната година, а производството да почне во јуни 2015 година. Динамиката и начинот на инвестирање ги најаваи менаџерот на корпорацијата Лудгер Шонекер. Клучен фактор за да инвестираат во Македонија, според Шенкер било пријателското расположение кон бизнисот и искреноста кон инвеститорите. - Разговаравме и со други компании и скоро сите ни го кажаа истото, дека земјата поседува добра работна сила, хендикепот е недостатокот на искуство кај луѓето, но тие се мотивирани и добро образовани, така што ако се стават во позиција можат да ја извршат работата. Инвестицијата е вредна 35 милиони евра, а се планираат вработувања на 500 до 600 лица во наредните четири до пет години. Производите од капацитетот во Македоија ќе се испорачуваат до главната централа на компанијата во Германија, а од таму до нивните клиенти. На листата клинети се и Дајмлер, БМВ, Ауди, Фолксваген.
Слично

Поврзани вести