Економија, финансии, бизнис

Контакт

Марк Руте до Словенија: Ја поткопувате нашата безбедност

Марк Руте до Словенија: Ја поткопувате нашата безбедност

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ја критикуваше Словенија поради начинот на кој ги прикажува трошоците за одбрана, обвинувајќи ја Љубљана дека вештачки ги зголемила бројките за да го достигне договорениот праг од два проценти од БДП.

Во писмо испратено до техничкиот премиер Роберт Голоб на почетокот на мај, Руте предупредил дека ниските издвојувања за одбрана „ја поткопуваат колективната безбедност“ во време на криза. 

Во писмото, Руте побарал Словенија итно да обезбеди повеќе средства за одбраната и во пресметките да ги вклучува само официјално признатите одбранбени расходи.

Од кабинетот на премиерот Голоб потврдија дека го добиле писмото и нагласија дека актуелната влада обезбедила најголем обем средства за одбрана досега, со што, според нив, првпат се исполнува обврската за два проценти од БДП.

Според податоците што Словенија ги доставила до НАТО, земјата во 2025 година треба да издвојува 2,01 процент од БДП за одбрана, што претставува значително зголемување во однос на претходните години.

Но, според проценките на Алијансата, дел од тие средства не спаѓаат во договорената дефиниција за одбранбени трошоци. НАТО смета дека реалните словенечки издвојувања изнесуваат околу 1,6 проценти од БДП, односно приближно 300 милиони евра помалку од прикажаното.

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести