Економија, финансии, бизнис

Контакт

Марк Фабер: Трошевме повеќе од заработеното, сега дојде време за наплата!

Марк Фабер: Трошевме повеќе од заработеното, сега дојде време за наплата!
Пазарите ќе колабират наскоро, па очекувајте акциите да изгубат 20% од својата вредност, предупредува Марк Фабер, автор на изданието „Gloom, Boom and Doom Report“, пренесува СНБС. „Не мислам дека пазарите ќе се урнат поради Грција и не мислам дека тоа ќе се случи поради „фискалниот јаз“, бидејќи фискален јаз нема да има“, истакнува Фабер. „Пазарот ќе паѓа бидејќи корпоративните резултати ќе почнат да разочаруваат и глобалната економија ќе има незначителен раст следната година, а може дури и да се намали. Затоа, според мене, акциите ќе изгубат најмалку 20% од врвот кој S & P 500 го достигна со 1470 поени “, додава тој. Фабер како пример ги наведува последните разочарувачките резултати на Епл, која изгуби 20% од пазарната вредност, а серија незадоволителни резултати има и кај корпорациите како Амазон, МекДоналдс и Гугл, што доведе до пад на расположението на инвеститорите во последниве недели. САД имаат потреба од малку болка за закрпување на буџетскиот дефицит, коментира тој. „Прашањето е сега дали САД ќе истрпи малку болка сега или пак ќе ризикуваме целосен колапс на општеството по 5 години “, истакнува Фабер, предупредувајќи дека политичка волја за справување со буџетските проблеми недостасува.Тој повторува дека со секое одложување за нивно решавање проблемите стануваат се поголеми и поголеми. Фабер идентификува неколку проблеми кои ја попречуваат обновата на американската економија, како пазарот на недвижен имот, за кој тој коментира дека никогаш не бил толку успорен, а предупредува и дека ќе треба сериозно намалување на долговите. „Во западниот свет, вклучувајќи ја и Јапонија, проблемот е во премногу наталожени долгови. Со овие долгови треба да се направи нешто, и тоа брзо, или во спротивно државите ќе се простат со растот ", додава тој. „Според мене, ние трошиме многу повеќе отколку што сме заработиле и тоа од 1980 година до 2007 година, а сега е дојдено  време за плаќање“, коментира Фабер.  
Слично

Поврзани вести