СДСМ:Инфлацијата ќе го отепа стандардот
Растот на инфлацијата од 5,3 е директно влијание на погрешната владината политика и покрај постојаните предупредувања , обвинува опозицијата.
„ Ја предупредувавме власта, под ниту еден услов да не дозволи поскапување на електричната енергија и преку интервенции во делот на акцизата да го спречи големиот скок на цените на бензините. Уште тогаш предупредувавме дека порастот на цената на струјата и бензините, не само што директно ќе го загрози и онака урнисаниот животен стандард, туку и дека ќе ја предизвика инфалторната спирала, со што ќе се зголемат цените на лебот, храната и останатите основни производи“, вели Марјанчо Николов, Претседател на собраниска комисија за финансирање и буџет.
За опозицијата, Заводот за статистика, само го потврдил фактот дека граѓаните живеат сè посиромашно и помизерно, додека, како што велат, Владата непрекинато се луксузира трошејќи огромни средства за непродуктивни трошоци, владините реклами, нови кампањи и споменици во центарот на Скопје.
За ублажување на ценовниот раст опозицијата предлага повеќе мерки:
- Владата да направи интервенција во акцизата и со нејзино преполовување да ги намали цените на бензините за 10-12 денари по литар.
-Владата да побара од државните компании Елем и Мепсо да ги скратат својте непродуктивни трошења и да побараат намалување на цената на електричната енергија.
- Регулаторната комисија за енергетика веднаш да интервенира со враќање на дневната евтина тарифа.
- Владата, да ја прифати мерката со која на социјално загрозените семејства еднаш месечно ќе им се доделува ваучер во вредност од 2.000 денари за купување на пренхрамбени артикли од домашно производство.
- Влада да објасни како планираното задолжување за нови 250 милиони евра и зголемувањето на буџетскиот дефицит од 2,5% на 3,5% ќе влијае врз можноста за натамошно зголемување на инфлацијата затоа што се уште немаме одговор за кој намени овие нови расходи ќе бидат потрошени.
Слично
