Економија, финансии, бизнис

Контакт

Марјан Ристески: Изградба на индустриски зони, населбата „Градина“, средување на канализацијата во Прилеп!

Марјан Ристески: Изградба на индустриски зони, населбата „Градина“, средување на канализацијата во Прилеп!
И прилепскиот градоначалник на Прилеп, Марјан Ристески  денеска ја објави кандидатурата за трет мандат како дел од ВМРО-ДПМНЕ. Во неговата програма тоја најави најави десетина крупни проекти, развој на слободната индустриска зона кај Алинци која почна да се гради како градење на индустриските зони Прилеп 1,2 и 3 кои треба да помогнат за намалување на невработеноста. „Можност за нов дом на Прилепчани ќе им понуди новата модерна населба „Градина”, ќе се градат 70-ина километри канализациска мрежа и пречистителна станица за отпадните води, проект од 20 милиони евра. Прилеп ќе влезе во нов зафат, фабрика за рециклирање на отпадот“, изјави денеска Ристески. Исто така тој додаде дека важни проекти се и реконструкција на влезот на Прилеп, ново основно училиште и градинка, реконструкција на Марковите Кули, обнова и уредување на околината околу градскиот симбол-саат кулата.  Според неговите најави, целосната програма со која ќе настапи на изборите во март ќе биде објавена во следниве неколку дена.
Слично

Поврзани вести