Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАРЈАН НИКОЛОВСКИ: Огромна е веројатноста да нема избори на 24 – ти април

МАРЈАН НИКОЛОВСКИ: Огромна е веројатноста да нема избори на 24 – ти април
Прашавме дел од македонските новинари што очекуваат во наредниот период во однос на политичката криза и начините за справување со неа. Како и се во општеството и ставовите меѓу јавните личчности се поларизирани, но секако оригинални. Фактор не секогаш се согласува со мислењата објавени на отворените страници, но правиме се тие да бидат што подостапни за македонската јавност.  Марјан Николовски – новинар Вака како што сега стојат работите, веројатноста на 24-ти април да нема избори е огромна. Две сценарија можат да ја пролонгираат рамката на реализација на договореното од Пржино, но во основа и двете сценарија (директно или индиректно) имаат еден заеднички иментел. Тој може да се дефинира како “избори ќе има, но тогаш кога на терен владеачката партија нама да ја има поддршката”. Со други зборови, за очекување е енергијата на опозицијата следниот период повеќе да биде насочена кон обезбедување алиби за нов бојкот на изборите во април и повторно влегување на Македонија во нова политичка криза. Состојбите би почнале да се комплицираат по изборот на “преодниот Премиер” по Нова година, кога би зачестиле нелогичните постапки со цел да се доведе ВМРО-ДПМНЕ во ституација да биде посочувана како виновник за нереализација на договореното. Терминологијата “еднакви услови на партиите за дејствување на терен” е толку широка, што многу лесно може да се користи како алиби за бојкот. Како индиректна причина пак за пролонгирање на изборите може да биде и “изненадно позитивен” предлог на Метју Нимиц за решение на спорот со Грција некаде во март и “исклучително позитивниот фидбек” на Атина за релаксирање на односите и овозможување на прием на Македонија (во пакет со Црна Гора) во НАТО на самитот во јули во Варшава. Тогаш, во таква ситуација, фокусот би бил на тоа прашање, а се друго би станало споровозна тема. Времето за избори би можело да биде заменето и со време за рефрендум, ако него воопшто и го има. Варијанта која што би ја одиграле Европската унија и НАТО, пред се САД. Верувањето е дека, ако помине решение на деценискиот спор со Грција, внатре - политичките кризи во Македонија ќе бидат одувани со нови политички ветрови, неколку месеци, или можеби, година-две подоцна. До тогаш власта би ја имала онаа преодна Влада.
Слично

Поврзани вести