Марио Драги: Враќањето во еврозоната продолжува
Земјите треба да ги забрзаат реформите за да ги направат пазарите на трудот пофлексибилни, а економиите - попродуктивни
Во еврозоната започнува конечно да се набљудува одржливо економско заздравување, делумно благодарение на мерките за стимулации на Европската централна банка, изјави претседателот Марио Драги, повикувајќи ги владите да ја користат јасната перспектива за напредок на реформите кои би ги подобриле изгледите за долгорочниот раст на регионот, пишува „Тhe Wall Street Journal“.
„Актуелниот подем во економските услови, за чие создавање помогна и ЕЦБ, треба да се користат за уште поголемо усогласување на економиите и за зајакнување на европските институции“, изјави Драги во говорот пред финансиска конференција во Франкфурт, целосно во духот на повеќе оптимистичкиот тон од неговите последни коментари за европската економија.
Драги ги повика европските лидери исто така да направат голем скок кон поголема размена на националниот суверенитет во однос на зајакнувањето на правилата со кои се регулира 19-члениот монетарен блок.
„Повеќето индикатори покажуваат дека одржливото обновување продолжува“, изјави Драги. „Довербата меѓу фирмите и корисниците се зголемува. Голем број на предвидувања за растот се корегирани нагоре. И банкарските заеми се подобруваат и во двете насоки - кај понудата и побарувачката“. Според Драги индикативен е фактот дека потрошувачите и бизнисите стануваат посигурни, а банките - повеќе склони да позајмуваат. За тоа придонесоа пониските цени на нафтата и планот за парично стимулирање на ЕЦБ.
Претседателот на ЕЦБ ги посочи и економските придобивки од падот на цените на нафтата, мерките за стимулирање на ЕЦБ од средината на минатата година, „кои доведоа до значително олеснување на условите за финансирање“, како и економските реформи спроведени од неколку членки на еврозоната.
Во минатата недела ЕЦБ започна купување на големи количини државни обврзници и други должнички инструменти во рамките на програмата позната како „квантитативни олеснувања“. Планот беше одобрен од Управниот одбор на ЕЦБ на 22 јануари.
Институцијата ќе откупува обврзници од приватниот и јавниот сектор во вредност до 60 милијарди евра месечно до крајот на септември 2016 година. Ако целите за инфлација до малку под 2% не бидат исполнети, програмата може да се продолжи и по падот на 2016 година . На овој начин обемот на програмата може да надмине 1 трилиони евра.
„Ние со право може да бидеме оптимисти за изгледите. Но, тоа не значи дека треба да се одмараме врз ловориките“, предупреди Драги.
Тој ги повика земјите да ги забрзаат реформите за да ги направат пазарите на трудот пофлексибилни, а економиите - попродуктивни, и истакна дека Италија неодамна ја претстави „главната реформа на пазарот на труд“, која Драги ја наведува како доказ дека активностите на монетарната политика може да ги стимулираат напорите за реформи.
„Треба да биде променето и дотерувањето во еврозоната, за да се даде поголема тежина на оние европски институции, кои се препознатливи од граѓаните на регионот“, изјави Драги, истакнувајќи дека во области како даночната политика недостасува доверба меѓу различните земји.
