Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мариќ: Цела планина се движи кон Дрина

Мариќ: Цела планина се движи кон Дрина

Началникот на секторот за вонредни ситуации во Србија Предраг Мариќ изјави денеска дека најкритична е ситуацијата во Шабац, Мали Зворник и Шид.

- Во Мали Зворник се активираа свлечишта и речиси цела планина се движи кон Дрина, изјави Мариќ.

Тој додаде дека во тек е евакуација на повеќе од 8.500 луѓе од Шабац, каде реката Сава проби насип. Во тек е евакуација и во Шид, каде ситуацијата зависи од висината на поплавниот бран од Хрватска што се очекува во среда.

Спасувачки тимови од Русија, Белорусија, Австрија и Франција се префрлени од Обреновац во Шабац.

Слично

Поврзани вести