Марешки: Убиството на Христов е да се загрози бугарското претседателство со ЕУ
Веселин Марешки, лидерот на бугарската партија „Волја“ која има 12 пратеници во парламентот, во интервју за БТВ убиството на Петар Христов кој беше советник во владата и истакнат бизнисмен го оцени како закана на криминалните кругови за европското претседателство на Бугарија која ја „преземе“ унијата во првите шест месеци од годинава.
Марешки исто така присуствувал и на советот за безбедност свикан од бугарскиот претседател Румен Радев на кој побарал да се вложат повеќе пари во внатрешната безбедност, а не во вооружување.
„Консултативниот совет помина контруктивно, но не беше едноставен. На него се говореше само за парите за зголемување на вооружувањето. Ние во нашата партија сме пацифисти и не сакаме да говориме за војни“ истакна Марешки.
Марешки вели дека слабо го познавал Христов и дека не се плаши за својата безбедност. Марешки e исто така еден од бугарските богати бизнисмени кој се вмеша во политичките води.
