Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАПАС: Продажбата на НЛБ пензиски фонд нема да влијае на функционирањето на друштвото

МАПАС: Продажбата на НЛБ пензиски фонд нема да влијае на функционирањето на друштвото

Мисијата на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување - МАПАС е да ги заштити интересите на членовите и на пензионираните членови на пензиските фондови и да го поттикне развојот на капитално финансираното пензиско осигурување заради посигурни пензионерски денови.

„Водејќи се од својата мисија, во врска со процесот на продажба на акционерскиот капитал на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје, Агенцијата ја известува пошироката јавност дека процесот на продажба на акционерскиот капитал на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје ќе се одвива под целосна контрола на Агенцијата согласно македонското законодавство и дека процесот на продажба нема да влијае на функционирањето на пензиското друштво ниту на пензиските фондови со кои управува друштвото“ соопштуваат од МАПАС . 

Оттаму нагласуваат дека НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје ќе продолжи да ги извршува своите функции во согласност со законската регулатива и во најдобар интерес на членовите на пензиските фондови со кои управува.


Слично

Поврзани вести