Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАПАС НАСКОРО ЌЕ ДОБИЕ НОВ ШЕФ НА СОВЕТОТ – Маскуд Али заминува од претседателската позиција, еве кој ќе го замени

МАПАС НАСКОРО ЌЕ ДОБИЕ НОВ ШЕФ НА СОВЕТОТ – Маскуд Али заминува од претседателската позиција, еве кој ќе го замени

Во Собранието е доставен предлог на Владата на Македонија за промена на претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капиталното финансирано пензиско осигурување или МАПАС.

Владата на седница одржана на 25 март одлучила да избере нов претседател на МАПАС, и тие веќе одбрале замена. Владата сега му предлага на Собранието и на народните избраници да го разреши од должност актуелниот претседател на Советот на експерти на Агенцијата, Маскуд Али. Во исто време, на негово место, Владата го предлага Ремзи Бајрами, кој на позицијата претседател на Советот ќе биде професионално ангажиран со полно работно време.

Согласно законите Советот на Агенцијата е составен од пет члена од кои еден е претседател, кој раководи со неа и ја застапува. Мандатот на претседателот и членовите на Советот е пет години, со можност за реизбор.

Новиот претседател, Бајрами, има високо образование во областа на компјутерските науки, стекнато на Универзитетот на Југоисточна Европа.

Има работено на Универзитетот во текот на самите студии на одржување на софтверот, а подоцна работел во повеќе приватни компании, но и во Државниот завод за статистика во Тетово, па се префрлил во општина Тетово каде работел до аплицирањето за оваа позиција како раководител на ИТ Секторот.

Веќе е познато дека членови на совети и тела на државата мора да имаат македонско државјнство, да имаат високо образование, да знаат странски јазици и да немаат забрана за вршење дејност, што секако се услови кои ги исполнува новиот директор.

Во рамки на актуелниот состав на Советот на експерти на МАПАС покрај Али се и членовите Ментор Јакупи, Дарко Саздов, Борче Божиноски и Марина Макенџиева.

Како што е посочено на веб страната на МАПАС сите се професионално ангажирани.

П.О.

Слично

Поврзани вести