Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАПА НА МИЛИЈАРДЕРИ: Има ли Балканот со што да се пофали?

МАПА НА МИЛИЈАРДЕРИ: Има ли Балканот со што да се пофали?

Балканот не може да се пофали со голем број милијардери. 

Ниту еден милијардер нема во Белорусија, Србија, Македонија, БиХ, Бугарија, Црна Гора, Словенија и Хрватска. 

Картографот Јакуб Мариан на својата страница објавил карта која ги прикажува европските милијардери во 2018 година.

Две микродржави како Монако и Лихтенштајн, имаат барем по еден милијардер, што ги става на врвот на листата. Занимливо е како во Луксембург нема ниту еден милијардер, иако во 2014 таму живееле 17 од нив, но ниту еден нема државјанство.

Русија очекувано е на врвот со 101 милијардер, Украина 7, Полска и Чешка со 6 и Словачка со еден милијардер.

Податоците се базирани на листата на Форбс за најбогатите личности на светот. "Како Европјанин кој сака статистика, ме интересира колку од тие личности живеат тука", пишува на својот сајт.

Мариан напоменува дека картата дава  број на милијардери на 10 милиони жители. Пример, САД има 18 милијардери на 10 милиони жители односно 585 милијардери вкупно. За споредба, Кина има 373 или 2,7 на 10 милиони луѓе.

Слично

Поврзани вести