МАПА: И две македонски компании во „Документите на Панама“
Поранешни и актуелни премиери, претседатели, богаташи, политичари, фудбалери, дилери на дрога, мафијаши ... се дел од луѓето кои во офшор компании во Панама го криеле богатството и затајувале данок.
Се работи за повеќе од 11,5 милиони фајлови (2,6 терабајти) кои го покриваат периодот од 70-тите години на минатиот век до оваа година. Се работи за најголемо откривање на податоци со кои новинарите некогаш се сретнале“, наведува весникот.
Се споменуваат поранешни лидери како либискиот водач Гадафи. Не изостанаа ниту актуелните премиери на Исланд, Пакистан, судискиот крал, претседтелите на Украина, Обединетите Арапски Емирати, Аргентина. Во сомнителните активности бил вмешан и таткото на британскиот премиер Дејвид Камерон, како и семејството на азербејџанскиот и сириски претседател, и близок пријател на рускиот претседател Путин.
Според објавената мапа, а која може да ја погледнете убаво и детално подолу, на листата на „Панама пејперс“ се забележуваат две македонски компании, двајца клиенти и двајца акционери. Нема детали кои се и чии тие компании.
Дали треба да стравуваат Македонските граѓани со оф шорсметки?
Ако меѓу нив има политичари да. Ако се само бизнисмени, ќе бидат изложени на детална проверка на движењата на капиталот. Ако пак се и политичари, отиде политичката кариера.
Гувернерот на НБРМ Богов пред три години рече дека нема да биде изненаден ако аферата со откривањето на даночните тајни на Кипар се откријат и Македонци
„Иако македонските граѓани и фирми согласно законот за девизно работење немаат право да имаат банкарски сметки во странство, вклучително и на британските Девствени острови, сепак можно е да има прекршители на законот“, изјави Богов.
Сепак, сега законот е сменет. Македонците можат да имаат сметки. Се разбира, не ретроактивно.
Каква е состојбата со нашите соседи?
Од регионот , соседна Србија нема офшор компании според оваа листа, но има 2 корисници и 28 акционери . Црна Гора има 13 компании и 2 клиенти, 2 корисници и 2 акционери.
Грција има 223 компании, 64 клиенти, 57 корисници и 285 акционери.
Бугарија пак, има 50 компании, 6 клиенти, 16 корисници и 93 акционери.
Албанија, според објавената мапа има 2 компании, нема клиенти, но има 3 корисници и 22 акционери.
