Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мантега: Бразил ќе заврши со неверојатен раст од 4% годинава

Мантега: Бразил ќе заврши со неверојатен раст од 4% годинава
Економијата на Бразил се забележа голем раст со годишна стапка од 4% или повеќе во текот на третото тримесечие, а најверојатно ова стапка на експанзија ќе се задржи и следната, но и во 2014 година, прогнозира Гидо Мантега, министер за финансии на најголемата латиноамериканска економија, пренесува Фајненшл Тајмс. Изјавата на министерот беше дадена откако бразилската централна банка ја задржа основна каматна стапка без промена, за прв пат подолго од една година, а заврши и циклусот на лабава монетарна политика што доведе до намалување на каматите до рекордно ниски 7,25%. „Ќе ја завршиме 2012 година со економија која се обновува и расте“, посочува Мантега. Очекуваното закрепнување по четири квартали минимален раст следува по серијата владини мерки за поддршка на бразилскиот индустриски сектор. Владата ги ограничи плаќањата за социјалните програми и воведе повисоки даноци за автомобили со увозни компоненти. Друг успех е и поевтинувањето на бразилскиот реал во однос на американскиот долар за 10% од почетокот на годината. Мантега истакнува дека економијата на неговата земја веројатно се зголеми со помеѓу 1% и 1,3% во третото тримесечје во однос на претходното, а такво ќе биде и последното годинава. „Ќе влеземе во 2013 година со годишна стапка на раст од 4% и ќе го задржиме до крајот на 2014 година“, коментира тој. Бразил треба да се врати на традиционалниот раст од над 4%, за да ги компензира последните 2 години на економско забавување. „Очекуваниот раст се случува во момент кога Европа се уште ги решава своите проблеми“,  вели Мантега. Тој истакнува дека бразилската економија е значително подинамична поради одржливата потрошувачка и ниската невработеност. Дел од реконструкцијата е резултат и од политиката на бразилската централна банка, која ја намали основна каматна стапка на вкупно 525 основни поени од рекордните 12,5% во август минатата година. „Земајќи ги во предвид ризикот од инфлација, реконструкцијата на внатрешната економска активност и меѓународната ситуација, банката гледа дека стабилната монетарна политика, спроведена доволно долго е најдобрата стратегија", се посочува во соопштението на бразилската централна банка. Според аналитичарите на каматата ќе остане на ниско ниво подолго време.
Слично

Поврзани вести