Економија, финансии, бизнис

Контакт

Манила и нејзините амбиции да стане светски коцкарски центар

Манила и нејзините амбиции да стане светски коцкарски центар
Манила се приближува кон својата цел да стане светски коцкарски центар. Таа отвори втор казино , кое се наоѓа по должината на брегот на филипинската престолнина, пишува The Wall Street Journal. Новиот хотел , управуван од казино операторот од Макао Melco Crown Entertainment, ќе провери дали Манила е способна да ги привлече богатите играчи од Кина и други места во регионот во една од најмалку гламурозните престолнини во Азија. Ова се случува во момент во кој кинеските играчи трошат се помалку во Макао - нивната омилена дестинација. City of Dreams Manila (Градот на соништата) е гламурозна мешавина од златни коцки и стакло се наоѓа во Манилскиот залив. Тој ќе ги отвори своите врати во рамките на Entertainment City- кластер од четири казина, кои се на пат да се претворат во нешто во стил Лас Вегас. Манила веќе жнее успеси, тврди Јулиус Гевара, директор на компанијата за недвижности Colliers, кој е одговорен за регионот на Филипините. Според него плановите за четирите мега казина се промовираат "преродбата" на напуштена област на Манила. Случувањата доведе до скок во цените на имотот и доведе до поголема изградба на местото. City of Dreams Manila располага со три луксузни хотели и 380 игри маси. Досега има 5 000 работни места, велат од Melco Crown. Philippine Amusement and Gaming Corp - локалниот регулатор на коцкање индустрија и надзорник на планот за Entertainment City, тврди дека очекува приходите од коцкање во земјата да нараснат до 10 милијарди долари годишно до крајот на деценијата. Ако тоа се случи, Манила ќе надмине места како Сингапур и Лас Вегас. Овие хабови во моментов се вториот и третиот најголем пазар за коцкање во светот по Макао, секој од нив има по над 6 милијарди долари приходи од коцкање годишно. Нето приходи на Филипините од овој бизнис во 2014 година достигнуваат 2,5 милијарди долари. К.К.
Слично

Поврзани вести