Економија, финансии, бизнис

Контакт

MANGO ја презентира гранџ тенденцијата од 90-те и металик тренд

MANGO ја презентира гранџ тенденцијата од 90-те и металик тренд
Инспириран од гранџ културата на 90-ите, New Metallics е третиот тренд кој MANGO го презентира сезонава. Овој пат, трендот го претставува американката Карли Клос која со своите 23 години е веќе еден од врвните топ модели на денешницата. По  трендовите Tribal Spirit и Soft Minimal, во април фокусот е на таканаречениот  New Metallics тренд, кој вклучува парчиња со рок енд рол елементи, мини фустани, кратки јакни, многу тексас, чизми до глужд, спортски обувки, но и високи потпетици. Некои елегантни фустани и одделни парчиња имаат метални украси и светкави додатоци како монистри за да се долови ексцентричноста и безгрпжноста со која пејачите како Кортни Лав ја обележаа гранџ декадата. “Работењето со MANGO за да се оживее рок инспирацијата и трендот New Metallics беше навистина интересна. Парчињата од колекцијата се оригинални и ја доловуваат енергијата на фотосесијата која се претвори во вистинска диско забава“-вели Карли Клос, која веќе соработувала со брендот во повеќе наврати. Новата кампања која е направена на почетокот на февруари ќе биде активна од 1 април, што ќе се поистовети и со пристигнувањето на колекцијата инспирирана од овој нов тренд во продавниците.
Слично

Поврзани вести