Мандатот на Гитон истекува, МФФ без резидентен претставник во земјава
Од втората половина на август годинава, Меѓународниот монетарен фонд веќе нема да именува резидентен претставник во Македонија.
Мандатот на актуелниот претставник Патрик Гитон истекува. ММФ во иднина ќе ја зачува својата суштинска мисија да ги набљудува макро-економските случувања и политики, и да обезбедува техничка поддршка.
„Локалната канцеларија на ММФ во Скопје сепак ќе остане и ќе обезбеди силно присуство и комуникација меѓу ММФ и државата. При носењето на оваа одлука, ММФ имаше предвид дека силно присуство на терен е помалку потребно во отсуство на програма на ММФ во Македонија“ - наведува Гитон во писмената изјава доставена денеска до медиумите.
Тимот на ММФ ќе продолжи со редовните посети на Скопје и разговори со властите и претставниците на граѓанскиот сектор, пишува Гитон во изјавата.
