Економија, финансии, бизнис

Контакт

Манчевски: Шпанските скали го потврдуваат криминалот на власта

Манчевски: Шпанските скали го потврдуваат криминалот на власта

Од СДСМ велат дека тоа што инвеститорот „Амадеус груп“, кој беше ослободен од плаќање комуналии за изградба на барокна зграда на плоштадот „Македонија“, ќе ги гради „шпанските скали“ е потврда дека станува збор за државен рекет.

,,На седницата на советот на Скопје, во февруари 2015 година, владејачкото мнозинство донесе одлука за ослободување на инвеститорот „Амадеус Груп“ од плаќање на комуналии за барокна зграда на плоштад Македонија во вредност од 150 000 евра. Уште тогаш предупредувавме дека се работи за државен рекет, односно дека многу брзо од инвеститорот ќе биде побарано да го компензира ослободувањето со градба на т.н. Шпански скали на негова сметка." - изјави денеска Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ и координатор на советничка група на СДСМ во Град Скопје.

Тој вели дека со изградбата на Шпанските скали , премиерот Груевски наоѓа начин како да го изигра законот и само го потврдува криминалното однесување на власта.

,,Предупредувавме дека се работи за државен рекет. На инвеститорот, надовно одеднаш му текнало и решил од сопствени средства да ги изради Шпанските скали. Да немаме никакви дилеми, ова му текнало на криминалецот Никола Груевски. Личи на него и провидно е како него Ова е само продолжение на газењето на волјата на граѓаните, особено на граѓаните на Центар, кои му кажуваат силно НЕ на Скопје 2014" - рече Манчевски

Слично

Поврзани вести