Манчевски: Се забранува објавување на избирачкиот список поради направен криминал
СДСМ апелира Државната изборна комисија да не постапува по барањето на Дирекцијата за заштита на лични податоци, според кое гласачите во избирачкиот список може да се пребаруваат само со име, презиме и матичен број, а да не може да пребаруваат и според адресата.
На овој начин, бандата на Никола Груевски, Сашо Мијалков и Зоран Ставревски по секоја цена се обидува да го сокрие криминалот кој е направен со избирачкиот список, тврди потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски.
„Горан Трајковски по налог на бандата на Груевски, Мијалков и Ставревски се обидува да го скрие криминалот во избирачкиот список. Со ова решение на Дирекцијата граѓаните повеќе нема да имаат увид во избирачкиот список и нема да може да пријавуваат неправилности. Со ова решение се потврдува дека најголем страв на Никола Груевски се фер и демократски избори“ – рече Манчевски на денешната прес-конференција.
Додава дека со ова решение Дирекцијата за заштита на лични податоци, директно го крши Изборниот законик во кој стои дека ДИК го објавува избирачкиот список на својата интернет страница со податоци име, презиме и адреса на избирачите.
Слично
