Манчевски: Еден од клучните играчи на режимот го напушти бродот кој тоне
По оставката на министерот за финансии, Зоран Ставрески денеска со реакција се јави СДСМ.
Оставката на Ставрески покажува дека се распаѓа бетонот на фамилијата на власт, изјави Дамјан Манчевски.
„Еден од клучните играчи на режимот го напушти бродот кој тоне. Зоран Ставрески долго време знаеше дека се уништува економијата, дека се осиромашуваа граѓаните, додека фамилијата се богатеше. Сè има свој почеток и свој крај. Крајот на режимот е блиску“ - изјави Манчевски.
Опозицијата му посака добро здравје на Ставрески.
Слично
