Економија, финансии, бизнис

Контакт

Манасиевски: Заев му отпишал жито за 800.000 евра, а Николовски му вратил со грант од 1,4 милиони евра

Манасиевски: Заев му отпишал жито за 800.000 евра, а Николовски му вратил со грант од 1,4 милиони евра

Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ изнесе обвинувања за, како што рече, „меѓусебни договори“ и „класичен пример на политичка корупција“ помеѓу поранешниот премиер Зоран Заев, поранешниот министер за земјоделство Љупчо Николовски и поранешниот министер за здравство Венко Филипче.

Според Манасиевски, Владата предводена од СДСМ во времето на Заев одобрила „кускок“ од 2.000 тони жито вреден 800.000 евра, кој подоцна, како што тврди тој, завршил на „црниот пазар во соседна држава по речиси двојно повисока цена“.

„По аминувањето на кусокот од државните резерви, веќе следната година Заев добива возврат – грант од 1,4 милиони евра преку ИПАРД, доделен од министерството на Љупчо Николовски“, истакна Манасиевски.

Тој наведе дека грантот го добила компанијата „Тргопродукт“, поврзана со семејството Заеви, позната по брендот „Мамас“, и дека тоа бил „втор најголем грант во историјата на ИПАРД програмата“.

„Дали станува збор за меѓусебен договор? Дали Заев го наградил Николовски со влијание, за потоа Николовски да го награди Заев со еден од најголемите грантови?“, праша Манасиевски, додавајќи дека јавноста заслужува одговори.

Тој директно ги посочи институциите:
„Дали конечно обвинителството и судството ќе се одважат да ги проверат овие случаи? Ова се огромни суми на пари, грантови, тендери и меѓусебни услуги.“

Манасиевски додаде и дека, според него, „менторот Заев добро ги обучил Николовски и Филипче да бидат негово продолжение“.

„Народот веќе еднаш му пресуди на Заев. Сега му пресуди и на Венко Филипче. И се додека овие корумпирани и криминални ликови не се отстранат од партијата, таа ќе продолжи да пропаѓа“, изјави тој.

Слично

Поврзани вести