МАН во одбрана на Ивона Талевска
Македонската Асоцијација на новинари – МАН бара опозициската партија СДСМ да престане да ја напаѓа уредничката на Сител и Вечер само од една причина – дека нејзината мајка била партнер со странска компанија која се занимавала со медицинска опрема и истата ја пласира во Македонија.
Од МАН додаваат дека никој нема право да ограничува членови на семeјство на новинарите со што ќе се занимаваат, особено кога е тоа согласно законот. „Никој, а особено не СДСМ, нема право да наредува дали и како некоја редакција ќе ги пренесува нивните прес- конференции, особено кога истите се одржуваат со свесна намера да се влијае и дисквалификува новинар“, стои во соопштението.
Новинарското здружение реагира на, како што велат, низа квалификации од партиско - политичка перспектива за потреби на СДСМ - со кои се прави јасен обид да се влијае штетно на угледот на новинарот за кој станува збор.
Слично
