МАН: Медиумите да не објавуваат видеа за „Пуч“
Македонската асоцијaција на новинари (МАН) ги повика сите свои членови, како и сите медиуми, да се информираат и да ги почитуваат препораките на Европската унија за следење и известување за случајот Пуч, а кои беа објавени вчера.
„Според препораките од ЕУ, медиумите треба да известуваат професионално и одговорно. За таа цел ги повикуваме членовите на МАН, како и новинарите кои се уште не се наши членови, како и медиумите да бидат одговорни, и да го почитуваат законот кој наложува да не се објавуваат материјали, прислушкувани телефонски разговори, кои се незаконски создадени и прибавени, како и видео снимки со истите карактеристики... кои сами по себе се кривично дело, а нивното објавување кое нанесува ненадоместлива штета на учесниците е исто така кривично дело кое при објавување или пренесување би го сториле новинари и медиуми за што би подпаднале под законска, кривична одговорност“, се наведува во соопштението на МАН.
Според МАН новинарот и медиумот знаат дека самото поседување тајно снимени разговори е кривично дело, дека истите се дел од кривична постапка, и секое нивно објавување е соучесништво како и продолжување на кривичното дело од член 151, кое се однесува на незаконско прислушкување и тонско снимање, како и во врска со член 152 кој се однесува на неовластено снимање.
Слично
