Мамење купувачи со лажни попусти? Доста беше!
Голем попуст, с`е на половина цена, последно чистење, се само дел од лажните рекламни пораки кои ги користат дуќаните за да привлечат муштерии. Но овојпат им преседна, ќе зработат казни од 24оо евра или 1200 ако платат веднаш затоа што ги мамеле купувачите.
Вкупно 7 скопски бутици заработија казни за нудење лажни попусти. Пазарниот инспекторат на трговците им изрекол казни во глоба од 2.400 евра по констатираните неправилности. Од организацијата на потрошувачи на Македонија велат дека поплаките на граѓаните се чести, а во најголем дел тие се однесуваат на јавните услуги.
Поголемиот број од артиклите се намалени само за десетина проценти, а не се ретки ни случаите кога некои од нив дури и поскапо се продаваат. Лажат, пишува попуст, а всушност ништо од тоа, велат купувачите.
Според Пазарниот инспекторат, кој деновиве казни седум бутици поради лажни попусти, трговците многу добро ги знаат правилата, но намерно ги заобиколуваат. Пишуваат дека попустот е 70 одсто, но тоа не е точно, бидејќи производот го вратиле на првобитната цена, па потоа го пресметале попустот.
И граѓаните со различни ставови. Повеќето сметаат дека цените кои ги плаќаат се превисоки и нерални, но има и такви кои веруваат дека ја плаќаат вистинската цена за услугите.
Реални или не, новогодишните празници се периодот кога трговците најчесто се одлучуваат да понудат попусти на своите производи.
Инспекторатот апелира граѓаните да пријават било каква неправилност која ќе ја забележат.
Слично
