Малтретирано грчкото малцинство во јужна Албанија
Бран од упади во домовите на претставниците на грчкото малцинство имало во Албанија.
Освен ова имало и кражби на грчки знамиња по селата населени претежно од Грци и уништувањето на патните знаци напишани на грчки јазик. Овие активности имаат за цел малтретирање над локалното грчко малцинство, пишува Protothema.
Грчкото малцинство во јужна Албанија е признаено со договори и конвенции и Албанија има одговорности според меѓународното право кон ова малцинство. Феноменот кој укажува дека целта на нападите е малтретирање над малцинството, е фактот дека при упад во грчките куќи не се краде ништо вредно, туку се предизвикува неред.
Слично
