Економија, финансии, бизнис

Контакт

Малстром: Договорот за слободна трговија меѓу САД и ЕУ е корисен за сите

Малстром: Договорот за слободна трговија меѓу САД и ЕУ е корисен за сите
Планираниот договор за слободно тргување помеѓу Европската унија и Соединетите Американски Држави ќе биде корисен за граѓаните од Европа како и за економијата, истакнала вчера во Виена европската комесарка за трговија, Сесилија Малстром. Таа за време на дискусијата во Академијата на науките, рекла дека ваквиот договор е неопходен бидејќи истиот е многу „добар“. Отварајќи ја дискусијата австрискиот вицеканцелар и министер за економија, Рајхолд Митерленер истакнал дека е единствен во австриската влада кој има позитивен став кон ваквиот договор и дека сите останати членови се скептични. Малстром, која во Виена дошла за да лобира за слободна трговска размена меѓу САД и ЕУ, ги подвлкла очекуваните предности и подобрувања. Според нејзините зборови би можело да се намалат трошоците, на пример, за дупла анализа на лекови, доколку постојат меѓусебно признати стандарди на квалитет. Со тоа, како што укажала, во иднина помалите европски медицински компанииполесно би можеле да увезуваат во САД, но и ЕУ не сака да ги смали своите стандарди за заштита на потрошувачи, на пример, да не смеат да бидат увезувани генетско модифицирани производи или хормонски третирано месо. Тоа, според Макстром, веќе е договорено во преговорите.
Слично

Поврзани вести