Малолетник тврди дека е вистинскиот убиец на 19-годишниот скопјанец
Истрагата за убиството на 19-годишниот скопјанец, кој со нож беше прободен во срцето на улица во Чаир оди во нов правец.
Во моментот еден осомничен за убиството е веќе во притвор, а утрово уште двајца чаирчани, се пријавиле во полиција и признале дека тие се вистинските убијци на Леарт Адеми.
Двете момчиња, од кој еден бил малолетник, раскажале дека минатата сабота со нож нападнале двајца скопјани. Меѓу нив бил и Адеми, кој беше три пати прободен со нож во срцето.
Досега за случајот беше осомничен 19-годишниот Ардит Аме, кому му беше одреден 30-дневен притвор. Аме тврдел дека нема никаква врска со убиството, но другарот на убиениот Адеми тврдел дека тој е напаѓачот.
Наводно, грешката била направена бидејќи еден од осомничените кои денеска се пријавиле имал неверојатна физичка сличност со уапсениот Аме.
Инаку, инцидентот се случи минатата сабота во населбата Чаир, каде по банална расправија, настрада синот на спортскиот новинар Сами Адеми.
