Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мало поскапување на дизелот ќе има од полноќ

Мало поскапување на дизелот ќе има од полноќ

Нови цени на горивата ќе има од полноќ. Дизелот ќе биде поскап за половина денар по литар. 

Цената на бензините по полноќ останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,26 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) е 59 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 58,50 денари. ЕУРОСУПЕР БС-95 и понатаму ќе се продава за 67, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 69 денари за литар. За 0,149 денари за килограм се намалува малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе чини 34,443 денари. Како причина за промена на  цените на нафтените деривати од РКЕ ги наведуваат покачените референтни цени на светскиот пазар во изминатите седум дена кај бензинот во просек за околу 1,243 отсто и кај дизелот за околу 2,111 отсто, како и за 0,524 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.

Слично

Поврзани вести