Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАЛКУМИНА ВЕРУВАА, А ОПОЗИЦИЈАТА НИ СЕ ПОТСМЕВАШЕ - премиерот Ковачевски вели дека го реализирале ветувањето за плата над 30 илјади денари дадено во 2017

МАЛКУМИНА ВЕРУВАА, А ОПОЗИЦИЈАТА НИ СЕ ПОТСМЕВАШЕ - премиерот Ковачевски вели дека го реализирале ветувањето за плата над 30 илјади денари дадено во 2017

Откако Статистика вчера ги објави податоците за просечната плата за март, на фејсбук се огласи премиерот Димитар Ковачевски, ко вели дека во ова малкумина веруваа.
„Покачувањето на платите и вложувањето во стандардот на граѓаните е политика на која останавме доследни. Благодарение на правичните политики и одговорното владеење, ветувањето на СДСМ од 2017 година е целосно реализирано!

Малку кој веруваше дека ќе имаме просечна плата од 30.000 денари. Ова ветување беше мета на критика и потсмев од опозицијата која силно се противи на растот на платите, но и покрај честите опструкции од нив - успеавме.

Во време на голема економска криза сфаќаме колку се значајни овие политики. Со покачувањето на платите ги штитиме граѓаните од големиот раст на цените, а буџетот го насочуваме онаму каде е најпотребно, да обезбедиме повеќе приходи, да ги намалиме ценовните шокови и заеднички полесно да ја надминеме кризата.

Изразувам благодарност на сите членови на Владата во овој и минатиот мандат кои доследно и посветено работеа на остварување на ова ветување. Силно верувам дека граѓаните ќе ги препознаат и наградат овие политики на владата предводена од СДСМ“, пишува на својот фејсбук профил премиерот Ковачевски.

Слично

Поврзани вести