Малку произведува многу троши, Македонија зависна од увоз на енергија
Поради двојно поголемиот пораст на потрошувачката на енергија во Македонија изминатава деценија, во рамките на Индустриската комора при Сојузot на стопански комори на Македонија, беше формирана „Групација за енергетска ефикасност и производство на енергија“.
„Идејата е да се артикулираат односите меѓу реалниот економски сектор во енергетиката и институциите кои со закони и подзаконски акти ја регулираат целата материја“, изјави Александар Толевски, кој беше едногласно избран за претседател на Групацијата, инаку директор на компанијата „Интебако“.
Во моментот групацијата ја сочинуваат 20-тина компаниии од секторот енергетика.
„ Ние малку произведуваме, а многу трошиме по единица производ или по единица квадрат. Сиромашни сме со ресурси, што значи немаме фосилни горива, нафтени деривати, единствено имаме малку јаглен во Битола. Неопходно е да работиме и на заштеда и на зголемување на производството. Од потребите за енергија една третина е од увоз - зборувам за електирката, а фосилните горива и нафтата 100 проценти се увезуваат. Наша цел е да помогнеме на цел еден кластер на фирми во производството на енергијата”, вели Толевски.
И директорот на Агенцијата за енергетика, г-дин Лазар Гечевски ја поздрави новата групација бидејќи според него, зависни сме од увоз, а Македонија има потреба од 9 до 10 TWh електирчна енергија, но во моментов произодството е само 6 TWh.
„Токму затоа сакаме да го ублажиме тој увоз преку имплементација на енергетската ефикасност, што значи користење на помалку енергија, без да се намали квалитетот на живеење. Во делот на обновливи извори на енергија можеме да направиме потег да ги намалиме повластените тарифи, но мора да имаме таква цена со која ќе ги привлечеме инвеститорите да вложуваат во таа проблематика. Интересот на двете сфери треба да создаде партнерски однос така што државата ќе го добие она што го побарува без да инвестира свој капитал, а во одреден временски период со праг на рентабилност не поголем од 8 години, капиталот да биде вратен”, истакна Ѓечевски.

Слично