Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Малиот“ Дачиќ и „големиот“ Пацоли

„Малиот“ Дачиќ и „големиот“ Пацоли

Деновиве Приштина и Белград си реплицираат со потврди за земји кои го повлекле признавањето на независнота на Косово.

Пред неколку денови Ивица Дачиќ изјави дека постои шеста земја која го повлекла признавањето на Косово, но до вчера, односно до одбележувањето на една година од постоење на сегашната влада не откри дека се работи за Папуа Нова Гвинеја.

На тоа одговор доби од Пацоли кој ова тврдење го отфрли како измислица од страна на Дачиќ и тоа со статус на Фејсбук во кој тврди дека Папуа Нова Гвинеја не го повлекла признавањетона Косово и дека документот на министерот за надворешни работи на Србија е фалсификат.

Пацоли во јуни објави дека српските медиуми шират лажни вести, а дипломатската војна со Дачиќ трае од ноември минатата година кога со објава на социјалните мрежи напиша:  Многу си мал Ивица Дачиќ... Секој ден се повеќе ме разочаруваш.“

Очекувано Дачиќ не остана покус, па му врати:  Кога сум толку мал, а ти голем Пацоли, што не станавте членка на Унеско и Интерпол.? Колку си повеќе лут, јас сум повеќе задоволен.“

Слично

Поврзани вести