Економија, финансии, бизнис

Контакт

Малиот борец од Србија: Херојски го победи Ковид-19

Малиот борец од Србија: Херојски го победи Ковид-19

Тригодишно детенце од Србија стана симбол на државата за херојство-малиот бестрашен борец. Така го нарекуваат лекарите и сестрите кои се изборија за неговиот живот, па детето успешно го победи коронавирусот. Неговиот лекар, др Синиша Дучиќ, вели дека детенцето било во крајно тешка состојба и ставено на респиратот, прво во болницата Тиршова, а потоа било префрлено и на детската клиника „ Драгиша Мишовиќ“, каде се излекувало успешно и сега е веќе пуштено дома

- Детето е наш пациент од претходно, бидејќи е лекувано на одделението за неврологија од Гилен-Бареов синдром. Кај нас пристигна со многу висока температура и тешка респираторна состојба. Беше животно загрозен пациент. Веднаш го третиравме како заразен со коронавирусот, и покрај тоа што не можевме веднаш да знаеме. По три дена на респиратор, упеавме да го спасиме и го префрливме на детската клиника каде што се лекуваат и други деца заболени од Ковид-19. По примената терапија сега нашиот пациент е излекуван и веќе е дома, изјави др Дучиќ.

Инаку, Гилен-Бареов синдром спаѓа во групата на автоимуни невролошки пореметувања, во кои организмот не ги препознава сопствените ткива.


Слично

Поврзани вести