Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАЛИНОВСКИ: Јанева има слаби точки, но потребна е несебична поддршка за неа!

МАЛИНОВСКИ: Јанева има слаби точки, но потребна е несебична поддршка за неа!
Поранешниот антикорупционер Драган Малиновски смета дека Јанева треба да добие несебична поддршка од фелата, иако гледа и слаби точки во нејзиното целокупно портфолио. Тој за Фактор одговори на три клучни прашања, што мисли за Јанева, што мисли за законот и кога да ги очекуваме првите обвиненија. За персоналниот капацитет на Јанева До сега не сум имал прилика лично да ја запознаам обвинителката Катица Јанева. Сметам дека нејзината професионална биографија е во ред, а тука пред се мислам на нејзините обуки во странство. Она што го сметам за нејзин хендикеп е фактот што доаѓа од основно јавно обвинителство со основна (мала) надлежност и се до сега немала прилика да работи на тешки кривични предмети. Искуството кое се добива во такви околности, кога наспроти вас имате врвни адвокати и се соочувате со многу деликатни ситуации во судницата, е незаменливо. Сепак, на колешката Јанева и посакувам успех во работата, за што ќе и биде потребна и несебична подршка од сите оние кои сакаат работите да се променат на подобро. За законските овластувања на обвинителот Законското решение го сметам за коректно и тоа е максимумот што можеше да се постигне во вакви околности. Законот ги обезбедува најзначајните предуслови за работата на Специјалниот јавен обвинител, тргнувајќи од неговата автономија, правото за личен избор на тимот, финансиската подршка, можноста за директно остварување на маѓународна правна помош и сл. Особено е значајно тоа што не е однапред определен, а со тоа и ограничен, бројот на јавните обвинители кои ќе бидат превземени од негова страна, како негови помошници. Добро е што преовлада становиштето дека ова прашање треба да се регулира со специјален закон, а не со интервенција во постојниот закон за јавно обвинителство. Воедно, сметам дека законот успешно ги превенирал и ризиците од повреда на Уставот, пред се преку вклученоста и улогата на Советот за јавни обвинители при изборот и разрешувањето на Специјалниот јавен обвинител. Кога да се очекуваат првите обвиненија Неблагодарно е да се лицитира со тајмингот на првите обвиненија. Се разбира дека јавноста очекува тоа што поскоро да се случи, но пред се најважно е истрагите да бидат квалитетно спроведени, бидејќи само така може да се очекуваат и квалитетни обвиненија и успешна судска разрешница.
Слично

Поврзани вести