Економија, финансии, бизнис

Контакт

Малезиски стопанственици ќе ја посетат Македонија

Малезиски стопанственици ќе ја посетат Македонија

Делегација на малезиски стопанственици во текот на годинава ќе ја посетат Македонија со цел да се запознаат со условите за инвестирање и за соработка со македонските компании.

Ова е начелно договорено на средбите што во Куала Лумпур ги оствари директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Висар Фида со претседателот и потпретседателот на Малезиската стопанска комора. На состаноците присуствуваше и македонскиот промотор во Малезија, Тони Атанасовски.

Средбите се реализирани на маргините на 2-от Глобален самит за слободни економски зони што се одржува во Куала Лумпур, а на кој учествува Висар Фида.

Во Малезија, директорот на Агенцијата и промоторот во Малезија остварија средби и со владини претставници и неколку малезиски компании од областа на електрониката, инфраструктурата и логистиката.

Слично

Поврзани вести