Економија, финансии, бизнис

Контакт

Малески: Името не е проблем, сега се преговара за античкиот идентитет

Малески: Името не е проблем, сега се преговара за античкиот идентитет
Името не е веќе проблем, туку идентитетот, античкиот идентитет, изјави во емисијата Патот до успехот на 24 Вести, универзитетскиот професор Денко Малески. „Сега идентитетот е основниот проблем. Античкиот идентитет грците го сметаат за свој“. Ние не бараме антички иднетитет? „Како не бараме, кога ставаме статуи, именуваме улици, училишта, Александар Велики, итн и овде сега имаме сериозен проблем, затоа што потребна е внатрешна дебата, а тоа мора да го знаат луѓето кој ја водат политиката, претседателот на државата има уште пет години мандат, премиерот уште четири години“, вели Малески. Потребна е битка за демократијата, која ја умртвивме „Кој е излезот од нашата ситуација од многу наши проблеми - тоа е битка за демократија. Слободно изразување на спротивни гледишта, како државата ќе може да опастане ако на критика не им се изложени дури и најпримарните ставови на актуелна некоја политика. Во било која земја дебата, дискусија мора да има. Ама ние веќе немаме таков механизам. Ја умртививме демократијата, а од демократијата треба да произлезе слободата на изразување, луѓе да се обидуваат да ја бараат вистината, а не да живееме уште под мотото на Цепенков - „Тој ш’чо ја кажува вистината тешко останува жив. Треба да создадеме една атмосфера во земјава, демократска атмосфера. Луѓето кои се на власт, мојот колега претседателот мора да знаат дека нивна основна задача е да се грижат за демократијата и слободата“, изјави во емисијата Патот до успехот професорот Денко Малески, прв министер за надворешни работи во независна Македонија и постојан претставник на Македонија во ООН од 1993 до 1997 година.
Слично

Поврзани вести