МАЛЕРОЗЕН РОДЕНДЕН ЗА ГРУЕВСКИ: Се повредил на џогинг!
Премиерот Никола Груевски ја повредил ногата додека рекреативно трчал во близина на местото на живеење. Како што информираат од Кабинетот на премиерот, заради повредата во следниот период Груевски ќе ги редуцира своите активности.
При спринт-џогингот Груевски го повредил горниот дел на левата нога, поточно адукторната регија.
„Преземени се сите дијагностички и терапевтски процедури за ваквиот вид на повреда, препорачана е медикаментозна терапија и рехабилитација со намалување на физичките и спортски активности“, стои во соопштението.
Се очекува повредата да биде санирана за три недели со придржување кон препорачаната терапија. Инаку Груевски токму денеска наполни 44 години.
Слично
