Економија, финансии, бизнис

Контакт

Малчевски: Груевски не е легитимен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, мандатот му е истечен

Малчевски: Груевски не е легитимен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, мандатот му е истечен
Поранешниот член на владејачката партија и претседател на Сојузот на студенти на УКИМ, Самоил Малчевски тврди дека мандатот на Никола Груевски за претседател на ВМРО-ДПМНЕ истекол на 6 март годинава. Ова го изјави Малчевски во емисијата ,,Патот кон” на Алсат-М телевизија и се повика на членот 20 од Статутот на ВМРО-ДПМНЕ во кој се определува мандатот на претседателот. ,,Статутарно  Конгресот на кој му беше дадена довербата беше на 5 и 6 март 2011 година.Петти и шести март истекоа пред една недела.Значи статутарно член 20 од Статутот на ВМРО ДПМНЕ во ставот два стои дека мандатот на претседателот е четири години.Ако вие мандатот сте го добиле на петти март 2011 година тогаш ви истекува на петти март 2015 година. Ние веќе една недела имаме раководство на ВМРО ДПМНЕ кое што е вон статутот на самата политичка партија” - рече Малчевски.
Слично

Поврзани вести