Економија, финансии, бизнис

Контакт

Малата Моника раскажа што преживеала со „Малчанскиот бербер“

Малата Моника раскажа што преживеала со „Малчанскиот бербер“

12 годишната Моника Каримановиќ, девојчето од Србија по кое имаше потера откако ја киднапираше монструмот Нинослав Јовановиќ, сведочеше пред полицијата. 

Tаа раскажа дека Јовановиќ ја потстрижувал, ја мачел и ја тепал. 

„Ми рече дека полицијата ќе нè убие и двајцата. Ме тераше да пешачам пет или шест часа и ме потстрижуваше малку по малку. Ми правеше лоши работи. Постојано ми велеше дека полицајците нема да го уапсат само него, туку и мене“, рекла Моника. 

Таа девет дека помина во заложништво на осудениот силувач, кого полицијата уште го бара. 

„Ми кажуваше дека полицајците ќе нè убијат и двајцата ако нè фатат. Бев многу исплашена“, им раскажала на  полицајците Моника Каримановиќ (12), која беше киднапирана на 20 декември од Нинослав Јовановиќ, познат како „малчански бербер“, пишува Новости.рс.

Додала дека Јовановиќ ја пресретнал на улица на патот кон училиште во Брзи Брод. Тој ја носел заедно со него во претходно подготвени селски куќи и напуштени викендички во селата меѓу Ниш и Књажевац.

„Додека одев на училиште, тој го запре автомобилот до мене и ми рече дека се изгубил, затоа што патот бил затворен за изградба извесно време. Тој ми рече дека добил работа во училиштето како домар. Ме замоли да влезам во автомобилот, да му покажам како да стигне до  училиштето затоа што и тој оди  натаму. Меѓутоа, штом влегов во автомобилот, тој ме возеше до гробиштата, а потоа ме однесе во шумата“, рекла Моника. 

Јовановиќ е забележан во неделата во селото Пасјача. Откриени се дури 12 локации на потегот од Књажевац до Ниш каде што педофилот криел храна и вода.

Инспекторот Златко Нововиќ од Полициската станица во Ниш бил првиот стапил во контакт со малата Моника по нејзиното исчезнување. 

„Собата лево од влезот беше затемнета, внимателно влегов и видов девојче како седи на креветот. Беше мирна, не мрдаше. Ја прашав „Дали си ти Моника”, таа ми одговори „Да јас сум, немојте да ме тепате”. Потоа ја прашав „Дали мајка ти се вика Александра?” кога таа потврди ѝ објаснив дека сум полицаец да не се плаши и ја чував додека не дојде медицинска помош“, раскажува  Нововиќ.

Сè појасно e дека Јовановиќ не ја избрал 12-годишната Моника случајно, туку долго време ја демнел. 

Во близина на оваа населба, Јовановиќ ја силувал својата прва жртва во 1996 година, во викендица на неговиот братучед.

Слично

Поврзани вести