Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАЛА ПОНУДА НА НАФТА: Во светот вакво нешто немало една деценија

МАЛА ПОНУДА НА НАФТА: Во светот вакво нешто немало една деценија

Понудата на нафта во светот е на најниско ниво за период од една деценија. 

Таа на дневно ниво во јуни годинава била пониска за 2.390.000 барели во однос на мај. 

Глобалната понуда во јуни била 86.860.000 барели, и тоа е најниско ниво за последните десет години.

Месечниот извештај на Меѓународната агенција за енергетика покажува дека производството на сурова нафта на Организацијата на земји извознички на нафта ОПЕК во јуни е намалено за 1.900.000 барели дневно во однос на претходниот месец, на 22.190.000 барели.

Производството на нафта на земјите кои не се членки на ОПЕК е намалено за 470.000 барели на 59.670.000 барели.

Стравот од ширењето на коронавирусот деновиве ја намали центата на нафтата. 

Таа се тргуваше за 43 долари по барел. 

Слично

Поврзани вести