Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мала држава, а сепак глобална империја

Мала држава, а сепак глобална империја

Во Катар се враќа апетитот за зделки, откако падот на цените на нафтата ги забави трансакциите во 2015 и 2016 година. 

Само во последните два месеци најбогатата земја по глава на жител во светот инвестирала во најголемиот производител на месо од живина во Турција, во рускиот нафтен гигант Роснефт и во британската компанија за гас, National Grid, коментира Bloomberg.

Инвестициите во голема мера се направени во инвестицискиот фонд Qatar Investment Authority (QIA), основан во 2005 година. 

Оттогаш Катар има стекнато 335 милијарди долари  средства во целиот свет.  

По голем број на договори во претходните години трансакциите се одржаа во 2015 и 2016 година поради падот на цените на нафтата.

По обновувањето на суровината од минатата година, Катар повторно е назад во играта. 

Инвестициите во Велика Британија беа проценети на најмалку 35 милијарди долари. 

Во Хонг Конг, Јапонија, Јужна Кореја и Тајван, има голема шанса струјата да се генерира од увезен гас од Катар.


Слично

Поврзани вести